Театар Куманово ја изведе „Црвенкапа“ пред учениците од „Иднина“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Приказната „Црвенкапа“ на Театар Куманово денеска беше изведена пред учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје.

Loading...

– На покана од Основното училиште со ресурсен центар „ИДНИНА“ од Скопје, училиште за воспитание и образование на учениците со попречености, а во организација на Здружението “Образование за сите” Скопје, како дел од волонтерските активности на Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) настапивме со нашата претставата „ЦРВЕНКАПА“, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Во претставата играат актерите: Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски и Владанка Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда по 17. пат „Дедо мраз на мотор“ во Куманово

 

 

– Под мотото направи со мене, не за мене, преку оваа соработка сакаме да покажеме дека инклузијата е возможна и дека сите деца се еднакви во зависност од нивните потреби кои ги имаат, појаснува Тодоровски.

Учениците одлично реагираат на претставата и со голем аплауз ги наградија актерите.

Loading...

– Очакуваме ваквите соработки да продолжат и понатаму. На заминување ги поканивме учениците да дојдат во Центар за култура и Театар Куманово и да одгледат една театарска претстава, изјавија од Театар Куманово.

Никола Ивановски