УХМР со најава за локално обилни врнежи од дожд и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност денес и утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), особено во источните делови.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе врнежи ќе има во текот на ноќва и утре, пообилни во западните и јужните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м 2 .

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово нападнал малолетничка

Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 16 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Облачно време со умерен до засилен ветер од југ и југоисток низ кумановско ќе имаме во текот на утрешниот ден.

Никола Ивановски