Членовите на Фото Кино Клуб “Козјак” од Куманово беа гости со изложбена поставка во Музеј на фотографија во Марибор, насловена “Луѓе”, а во организација на Фото Клуб “Марибор”.
Во знак на големиот културен ден во Словенија, денот на Франц Прешен, словенската публика имаше можност да присуствува на отворањето на клубската изложба на уметничка фотографија “Луѓе”.
Отворањето започна со изведба на традиционални македонски ора во организација на Mакедонско Културно Друштво “Билјана” во Марибор како знак за топло добредојде. На изложбата имаше изложено околу 30-тина фотографии од повеќе автори/членови на ФКК “Козјак” и истата имаше голема посетеност.
Членовите на ФКК “Козјак” во неколку дневниот престој освен што имаа фотографско дружење со членовите на Фото Клуб “Марибор” ја посетија самостојната изложба на Јоже Маринич “OTSEVI TRENUTKOV”, поставката на Photo Graz Selection – 5 и “STOL NONE MARIKE” на Метка Кавчич. Заокружувајќи го својот четири дневен престој со посета и едно поинакво доживување на традиционалниот карневал во Птуј.
Целокупните настани и поставка на изложбата беше во организација на збратимениот Фото Клуб “Марибор”.
Интегрално соопштение