Топлотниот бран ги загрози посевите со соја и пченка во Аргентина

Сподели со своите пријатели

Жетвата на соја и пченка во Аргентина ќе биде во сезоната 2023/2024 послабо од очекуваното поради топлотниот бран на почетокот на годината, пресмета берзата за жито во Росарио, намалувајќи ги проценките за клучните земјоделски производи во Аргентина.

Loading...

Проценката на културата на соја беше намалена за 4,8 отсто на 49,5 милиони метрички тони.

Приносот на пченка беше проценет на 57 милиони тони, што е за 3,4 отсто помалку од она што Росарио го очекуваше досега.

Аргентина е меѓу водечките светски извозници на масло од соја и пченка.

Пченката настрада во период на невообичаено високи температури кои започнаа на 17 јануари и го намалија нивото на водата, објави берзата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Врнежите во втората недела од февруари само ги ублажија неповолните услови, забележуваат оттаму.

И покрај топлотниот бран, родот на пченката ќе биде рекорден, оценуваат во Росарио, додавајќи дека е „многу важно“ на полињата со пченка да има повеќе дожд во наредните денови за да се опорават посевите и да се зачува потенцијалот на сезона.

„Многу долгиот и сериозен топлотен бран“ го оштети и клучниот род на соја бидејќи се совпадна со „многу чувствителниот период од почетната фаза на развој“ на растението, објаснуваат тие.

Loading...

Метеоролозите најавуваат врнежи во клучниот земјоделски регион на Пампас во наредните денови, иако најмногу во северниот дел, велат тие.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каков рекорд соборија македонските граѓани на странските берзи?

Аргентинските земјоделци веќе засеаја соја и пченка за тековната сезона, а жетвата треба да почне во април.