Истражувачката фирма Numbeo објави податоци поврзани со порастот на насилството во Европа и светот и ни откри кои земји се на врвот на листата.
Неколку критериуми одлучуваат за редоследот.
Освен реалното мерливо ниво на криминал, се земаат предвид и субјективните согледувања.
Станува збор за грижа за кражби, кражбите или нападите се земени предвид. Корупцијата и поткупот исто така беа вклучени во рангирањето.
Најопасни земји во Европа
Франција е најопасната земја во Европа.
Следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија.
Топ 10 ја комплетираат Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија.
Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија се сметаат за особено безбедни.
На оваа листа Македонија се позиционираше на високо и не толку за пофалба, 13то место. Друштво ни прават и околните земји. Така Албанија е 11та, Босна и Херцеговина е едно место полоша од нас, а за нијанса подобро е Косово. Србија е на 17то место.
Најопасни земји во светот
Што се однесува до листата на најопасните земји во светот, Венецуела е на самиот врв.
Папуа Нова Гвинеја, Авганистан, Хаити и Јужна Африка се исто така особено небезбедни.
Според нивните податоци, Катар е најбезбедната земја во светот.