Приведен кумановец баран со потерница поради тешка кражба

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестогишен кумановец вчеравечер бил приведен за издржување затворска казна поради сторечно дело „тешка кражба“.

Loading...

– На 19.02.2024 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

С.А. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна уредувањето околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски