Двајца Албанци приведени на Табановце со фалсификувани исправи

Сподели со своите пријатели

Двајца државјани на Република Албанија во текот на вчерашниот ден биле приведени на граничниот премин Табановце, поради обид да ја преминат границата со фалсификувани патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено првиот случај бил регистриран околу 21.30 часот кога при пасошка контрола од страна на полициските службеници било констатирано дека патната исправа на лицето С.И. (27) од Р.Албанија е фалсификувана, односно било извршено хемиско и физичко бришење на ознака за забрана за влез во земјите на ЕУ, а само пет минути подоцна од исти причини е приведен уште еден државјанин на Република Албанија, триесет и едногодишниот Ц.М.

 Со потврда за привремено одземени предмети патните исправи биле одземени, а двете лица приведени на граничниот премин „Табановце“. Во 22.30 часот со потврда за предавање на лице, лицата и патните исправи биле предадени на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.