Русија допрва треба да ја утврди причината за смртта на Навални

Сподели со своите пријатели

Руските истражители сè уште не ја утврдиле причината за смртта на Алексеј Навални, ниту е јасно колку време ќе биде потребно за да се донесат официјални заклучоци, ѝ било кажано на неговата мајка во понеделникот, изјави портпаролката на починатиот опозиционер, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Loading...

Навални, 47-годишен поранешен адвокат, колабирал и починал во петокот по прошетката во Казнената колонија на поларните волци во Харпа, на околу 1.900 километри североисточно од Москва, каде што издржувал 30-годишна затворска казна, соопшти затворската служба.

На неговата мајка Људмила во затворот ѝ било кажано дека тој починал од „синдром на ненадејна смрт“, недефиниран термин за разни смртоносни срцеви заболувања, соопшти тимот на Навални.

Портпаролката на починатиот, Кира Џармиш, изјави дека на неговата 69-годишна мајка и на адвокатите им било кажано дека официјалната истрага за причините за смртта е продолжена и не се знае колку време ќе потрае.

Без дозвола

Причината за смртта е „неутврдена“, рече Џармис, додавајќи дека руските власти лажат и одолговлекуваат.

Во понеделникот на неговата мајка и адвокатите не им беше дозволено да влезат во мртовечницата во арктичкиот град недалеку од затворската колонија, каде властите велат дека Навални колабирал и починал на самото место, изјави портпаролката.

Вработените во мртовечницата не одговорија на прашањето дали телото на Алексеј е внатре“, тврди Јармиш.