Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се спишти околу еден степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне 11 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални -2 степени до максимални 11.
Четврток носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од југ и југоисток. Минималната температура ќе се спушти околу еден степен над нулата, а дневниот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови.
Петок носи сончево и топло време со мала облачност и умерен до умерено засилен ветер од југ и југоисток. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна ќе се искачи до високи 15 степени целзиусови.
Облачно време ќе имаме во сабота и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец кој на моменти ќе достигне брзина од 50 километри на час. Температурата ќе се движи од минимални четири до максимални 14 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу четвртито степен, а дневната ќе достигне високи 16 степени целзиусови.
Почетокот на следната работна недела носи врнежи од дожд.
Никола Ивановски