Државјанка на Германија се обидела да шверцува бегалец од Сирија, но била спречена од страна на мобилните царински тимови на граничниот премин Табановце, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Германката со германско патничко комбе се пријавила за излез од државата, а при контрола на возилото, позади возачкото и совозачкото седиште, поточно под кревот сместен на местото на задното седиште, помеѓу картонски кутии со лични предмети, било пронајдено лице со лични документи од Сирија.
Возачот, мигрантот и возилото биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување.