Четириесет и петгодишниот И.Ј. од Куманово вчера околу 15 часот бил приведен од страна на полициските службеници на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При пасошка контрола констатирано е дека лицето И.Ј. (45) од Куманово евидира на СТОП-Листата за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.
Во 16.00 часот со потврда за предавање на лице, лицето било предадено на полициски службеници од Сектор за врнатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка. Лицето ќе биде спроведено до КПУ – Затвор Куманово.