По повод 75 години од почетокот на бомбардирање на Германија врз тогашното Кралство Југославија, Српската заедница во Македонија, Регионален одбор – Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија на на 6-ти април во 11 часот ќе одржат пригоден помен и ќе положат цвеќе на спомен обележјето на паднатите пилоти на аеродромот Аџитепе крај Куманово.
Како што велат од ДПСМ, овој споменик локалната власт толку многу го запоставила што самите членови на партијата и Српската заедница во Македонија со свои средства го обновиле и го одржуваат.
Овие денови члеовите на Младинската организација на ДПСМ направија акција за чистењето на на самиот споменикот и просторот околу споменикот, кој како што велат од партијата, беше во катастрофална положба.