Чипот за мозок на Илон Маск: „Овозможува користење на уредите со мисли“

Сподели со своите пријатели

Neuralink, компанијата на Илон Маск, неодамна ја изведе првата имплантација на својот чип во човечкиот мозок, означувајќи значаен момент во развојот на интерфејсите мозок – компјутер.

Loading...

Овој чекор претставува важен напредок во потрагата да им се овозможи на луѓето со сериозни повреди или други болести да ги контролираат уредите со своите мисли.

Што е Neuralink?

Основана во 2017 година од Илон Маск, Neuralink развива технологија која ќе овозможи директна комуникација помеѓу човечкиот мозок и компјутерите.

Целта е да им се помогне на луѓето со невролошки повреди или други болести да ги контролираат уредите користејќи ги само нивните мисли, благодарение на имплантацијата на електроди во мозокот.

Технологијата на Neuralink не е прва од ваков вид; се заснова на децениско истражување и развој во областа на невротехнологијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трогателна приказна од Турција: Баба и дедо преживеле снежна бура: Се гушкале за да се стоплат! (ВИДЕО)

Сепак, она што го прави Neuralink посебен е бројот на електроди и способноста да се таргетираат поединечни неврони за попрецизно толкување на мислите.

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во мај минатата година одобри клинички испитувања на Neuralink на луѓе, по серија имплантации кај различни животни.

Неуралинк предизвика контроверзии за своите хируршки интервенции врз животните, особено врз приматите, што наиде на критики од групите за заштита на животните.

Loading...

Како функционира Telepathy?

Уредот на Neuralink, наречен Telepathy (Телепатија), е дизајниран да биде хируршки имплантиран во внатрешноста на черепот.

Чипот содржи повеќе од 1.000 микроскопски електроди кои се поврзуваат со невроните во мозокот.

Овие електроди се клучни за читање на електрични сигнали од мозокот и нивно претворање во податоци што може да се толкуваат.

Уредот користи напредна безжична технологија за комуникација со надворешен уред, како паметен телефон или компјутер, преку специјално развиена апликација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок

Преку оваа апликација, сигналите генерирани од мозокот може да се преведат во специфични команди, овозможувајќи им на корисниците да контролираат дигитални уреди без физичка интеракција.

Имплантацијата се изведува со помош на високо специјализиран хируршки робот, развиен специјално за оваа намена, со цел да се обезбеди прецизност и да се минимизираат ризиците во текот на постапката.

„ Telepathy ви овозможува да го контролирате вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси секој уред, со мислите“, тврди Маск.

„Првите корисници ќе бидат оние кои ја изгубиле употребата на своите екстремитети. Замислете ако Стивен Хокинг би можел да комуницира побрзо од брза дактилографка или аукционер. Тоа е целта.”

Loading...

Цели и идни апликации

Примарната цел на уредот Telepathy е да им овозможи на луѓето со тешки моторни оштетувања, како што се парализа или невролошки повреди, да комуницираат и да ја контролираат технологијата со своите мисли.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск: Европската комисија е недемократска институција

На пример, овозможувајќи му на парализиран пациент да пишува пораки или да сурфај на интернет со неговите мисли.

Сепак, амбициите на Маск одат подалеку, вклучително и потенцијално помагање на оштетените слух и вид, па дури и спојување на човечката интелигенција со вештачката интелигенција.

Ова прво тестирање служи за тестирање и усовршување на дизајнот на уредот.

Студијата вклучува помал број пациенти и може да трае до една година, проследено со понатамошни фази на тестирање пред евентуална комерцијализација, која би можела да следи за пет до десет години.

Вградувањето на чипот Neuralink во човечкиот мозок ја поставува основата за нови можности во медицината и технологијата, но исто така покренува прашања за долгорочните импликации, безбедноста и етичките дилеми кои ќе бидат предмет на внимателно разгледување во наредните години.