Десетици Палестинци се убиени и ранети во нападите на израелската армија во текот на ноќта врз Појасот Газа, јавува палестинската агенција Вафа.
Loading...
Како што е наведено, 23 лица загинаа во израелското гранатирање на куќа западно од кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа, додека 14 лица загинаа во гранатирање на друга куќа.
Министерството за здравство во Појасот Газа, кое е под контрола на Хамас, вчера соопшти дека бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа од 7 октомври минатата година е зголемен на 26.422, а повредени се 65.087 лица, пренесува Танјуг.