Бајден ги запре новите одобренија за извоз на течен природен гас

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ги блокираше одобрувањата за нерешени и идни барања за извоз на течен природен гас (ЛНГ) за нови проекти.

Loading...

Министерството за енергетика ќе спроведе преглед за време на паузата за да ги разгледа економските и еколошките влијанија на проектите кои бараат одобрение за извоз на ЛНГ во Европа и Азија, каде горивото е многу барано, објави Ројтерс.

Секретарот за енергетика Џенифер Гранхолм изјави дека „прегледот ќе трае со месеци, а потоа ќе биде отворен за јавен коментар, што може да потрае некое време“.

Бајден рече дека во овој период, „влијанијата од извозот на ЛНГ врз трошоците за енергија, енергетската безбедност на Америка и животната средина ќе бидат внимателно разгледани“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински пратеник го номинираше Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир

Активистите за климатски промени го поздравија овој потег, кој може да ги одложи одлуките за нови постројки до ноември, односно до претседателските избори.

Тие велат дека новите проекти за ЛНГ би можеле да доведат до ново загадување, емисии од палење на гас и истекување на стакленички гас метан.

Претставниците на администрацијата на Бајден ветија дека паузата нема да им наштети на сојузниците, бидејќи ќе биде направен исклучок ако им треба повеќе течен гас.

САД се водечки извозник во светот

Ројтерс забележува дека компаниите и земјите во Европа се потпираат на стабилно снабдување со ЛНГ од САД, кои минатата година станаа најголем извозник во светот откако европските земји почнаа да го намалуваат гасот од Русија по почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија ја проширува соработката со јеменските Хути во спротивставувањето на Западот

Портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд истакна дека „оваа пауза нема да има краткорочни и среднорочни влијанија врз безбедноста на снабдувањето на ЕУ“.

Сојузниците на Америка во Азија, исто така, сакаат американски ЛНГ бидејќи се обидуваат да ја намалат потрошувачката на јаглен.

Од друга страна, портпаролката на кампањата на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, Каролин Ливит, рече дека одлуката е „уште една катастрофална самонанесена штета што дополнително ќе ја поткопа американската економска и национална безбедност“.

Републиканците и Трамп, кој се очекува да биде противкандидат на Бајден на ноемвриските избори, најверојатно ќе се обидат да го искористат секое одложување во давање дозволи за нови проекти и да го обвинат Бајден дека го кочи развојот на американската енергија, забележува Њујорк Тајмс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

Оваа одлука е донесена во време кога Соединетите Американски Држави се лидери во светот и во извозот на течен природен гас и во производството на нафта и гас, а земјата има седум извозни терминали, додека уште пет се во изградба, пишуваат американските медиуми.