Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека одзел повеќе предмети од приватен имот.
Loading...
– На 25.01.2024 во 09.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека на 17.01.2024 влегол на приватен имот и одзел повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски