20 лица загинаа во одрон во Кина, 24 се водат за исчезнати

Сподели со своите пријатели

Дваесет лица загинаа, а 24 се водат за исчезнати по лизгање на земјиште во оддалечена планинска област во југозападна Кина.

Loading...

Како што јавија кинеските медиуми, одронот се случил во провинцијата Јунан рано утринава.

Повеќе од 1.000 спасувачи учествуваат во спасувачката акција на многу ниска температура и додека паѓа обилен снег, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Силен снег паѓа во многу делови на Кина, предизвикувајќи сообраќаен хаос.

Две лица кои го преживеале одронот денеска се спасени.

Новинската агенција Ксинхуа, повикувајќи се на прелиминарна истрага на локални експерти, објави дека лизгањето на земјиштето било предизвикано од уривање на стрмна карпа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си Џинпинг повика на дополнителни мерки за зачувување на наталитетот во Кина