Четириест и осумгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер под сомнение дека украл предмети од приватен имот.
Loading...
– На 16.01.2024 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(48) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што се додава во соопштението на полицијата, тој се сомничи дека од приватен имот на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети.
Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски