Петте најбогати го удвоиле богатството, 60 отсто од популацијата уште осиромашиле

Сподели со своите пријатели

Петте најбогати луѓе во светот го удвоиле своето богатство од 2020 година, додека 60 отсто од вкупното население, речиси пет милијарди луѓе, станале уште повеќе сиромашни.

Loading...

Во последниот извештај на хуманитарната организација Оксфам се наведува дека јазот меѓу богатите и сиромашните веројатно ќе се зголеми.

Исто така, се предупредува дека ако продолжат овие трендови, сиромаштијата во светот нема да биде искоренета уште 229 години.

Нагласувајќи го драматичното зголемување на нееднаквоста по пандемијата на коронавирусот, Оксфам укажува дека милијардерите во светот се 3,3 трилиони долари побогати отколку во 2020 година, а нивното богатство пораснало три пати побрзо од стапката на инфлација, пишува Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена во Велика Британија со години го криела своето бебе во фиока

Извештајот открива дека седум од 10-те најголеми светски корпорации имаат милијардер како извршен директор или главен акционер, и покрај стагнацијата на животниот стандард на милиони работници ширум светот.

Богатството на петте најбогати луѓе во светот – Илон Маск, Бернард Арно, Џеф Безос, Лари Елисон и Марк Цукерберг се зголемило за 464 милијарди долари или 114 отсто.

Во истиот период, вкупното богатство на најсиромашните 4,77 милијарди луѓе, кои сочинуваат 60 отсто од светската популација, реално се намалило за 0,2 отсто.

„Луѓето ширум светот работат понапорно и подолго, често за мизерни плати на несигурни и опасни работни места“, се вели во извештајот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордни снежни врнежи во Сеул, сообраќајот во застој, откажани летови, илјадници без струја

„Во 52 земји просечните реални плати на речиси 800 милиони работници паднаа. Тие работници изгубија вкупно 1,5 милијарди долари во последните две години, што е еквивалентно на 25 неплатени денови за секој работник“, се додава.

Заедно со богатството на супербогатите, корпоративниот профит порасна и покрај притисокот врз домаќинствата од зголемените животни трошоци.

Се проценува дека 148-те најголеми светски корпорации збирно заработиле 1,8 трилиони долари нето добивка во периодот до јуни 2023 година, што е скок од 52 отсто од просечната нето добивка во периодот од 2018 до 2021 година.

Залагајќи се за данок на богатство за да се поправи рамнотежата меѓу работниците и супер-богатите работодавци и сопственици на бизниси, во извештајот на Оксфам се вели дека таквиот данок на британските милионери и милијардери може да собере 22 милијарди фунти годишно за буџетот доколку се примени со стапка од 1 до 2 проценти од нето вредноста над 10 милиони фунти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протести низ Романија поради несогласување со кандидатот Калин Георгеску