Драматични сцени од Исланд, лавата голта куќи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Исландски функционер ја опиша ерупцијата на вулканот како „најлошото сценарио“ и покрај повеќемесечните подготовки.

Loading...

Директорот за цивилна одбрана, Видир Рејнисон, рече дека бариерите биле изградени северно од Гриндавик пред првата ерупција во декември.

Но од тие бариери излезе главниот тек на лава, а новата пукнатина што се појави во нив е „најлошото можно сценарио“.

 

 

Една од опциите што се разгледува е употребата на пумпи за ладење на лавата со морска вода за да се ограничи штетата, пренесува SkyNews.

Гриндавик, град со 3.800 жители, се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Рејкјавик, главниот град на Исланд.

Loading...

Како што јавува Би-Би-Си, лавата во тој град голта куќи и згради откако се отвориле две пукнатини.

Целото население е евакуирано од градот.

Исландската метеоролошка служба (ИМО) соопшти дека пробивањето на бариерите на некои места овозможило лавата да стигне до градот, по што некои куќи и згради се запалиле.

 

 

Научниот новинар и вулканолог Робин Ендрјус рече дека оваа ерупција е „исклучително опасна и штетна ситуација“, особено сега кога лавата навлезе во градот.

Тој за Би-Би-Си изјави дека протокот на лава „не покажува знаци на забавување“, додавајќи дека во моментов не е можно да се процени степенот на штетата.

Loading...

Тој предупреди дека ефектите од ерупцијата би можеле да се покажат „прилично проблематични“ за луѓето со веќе постоечки респираторни проблеми, бидејќи вулканската активност ослободува гасови како сулфур диоксид, кој ја иритира кожата, очите, носот и грлото.

„Денес е мрачен ден за Гриндавик и денес е мрачен ден за цел Исланд, но сонцето повторно ќе изгрее“, рече премиерката Катрин Јакобсдотир, која најави дека владата ќе се состане во понеделник за да договори мерки за граѓаните кои се евакуирани.