Високите температури предизвикаа пожари во Австралија: Илјадници луѓе повикани да се евакуираат

Сподели со своите пријатели

Недалеку од Перт, главниот град на Западна Австралија, високите температури предизвикаа шумски пожар кој излезе од контрола, што ги натера жителите да се евакуираат.

Loading...

Повеќе од 40 пожари горат денеска во најголемата австралиска држава, додека жителите на округот Читеринг, на околу 60 километри северно од Перт, се изложени на најголем ризик од ширење на пожарот.

„Вие сте во опасност и мора веднаш да дејствувате за да преживеете. Има опасност по животи и домови“, објави државното Министерство за вонредни ситуации на својата веб-страница, во врска со пожарот во Читеринг, рурална област каде живеат околу 6.000 луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работата на црно е се поголем проблем во Германија: Државата поради тоа изгубила 615 милиони евра

Повикот за евакуација дојде во време на предупредување за топлотен бран што е во сила од саботата, но многу делови од австралиската држава го укинаа предупредувањето за пожари, пренесува Ројтерс.

Во Перт се предвидува максимална температура од 41 Целзиусов степен, речиси 10 степени над просечниот јануарски максимум во градот, покажуваат податоците на Националната метеоролошка агенција.

Последните две сезони на шумски пожари во Австралија беа мирни во споредба со катастрофалното „Црно лето“ од 2019-2020 година. кога област со големина на Турција беше уништена од пожар и 33 лица го загубија животот.