Палестинската милитантна група Хамас денеска остро го осуди американско-британскиот напад врз воените цели на јеменските бунтовници Хути во Јемен.
Loading...
Хамас во соопштението рече дека САД и Велика Британија ќе сносат одговорност за влијанието на тој напад врз влошувањето на регионалната безбедност, пренесе Ројтерс.
САД, Обединетото Кралство и сојузниците започнаа воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите како одговор на нивните напади врз бродовите што пловат по Црвеното Море.