Путин: Русија ја гушат и притискаат од сите страни, а таа е прва во Европа

Сподели со своите пријатели

Руската економија стана прва во Европа и петта во светот според паритетот на куповната моќ, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

„Изгледа дека не гушат од сите страни, не притискаат, но по обемот на економијата во целина сме први во Европа. Ја престигнавме Германија и го зазедовме петтото место во светот: Кина, САД, Индија, Јапонија, Русија. Ние сме број еден во Европа. Во однос на паритетот на куповната моќ, ја престигнавме цела Европа, но сепак треба да работиме на тоа кога се во прашање показателите по глава на жител“, рече рускиот лидер на средбата со претприемачите од Далечниот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

Путин рече и дека растот на руската економија во 2023 година би можел да биде поголем од предвидените 3,5 отсто и дека ова е извонреден резултат со оглед на надворешните притисоци на кои е изложена земјата, пренесува Спутник.

Рускиот лидер не се согласи со изјавата на претседателот на организацијата „Пословна Русија“ Алексеј Репик дека наводно може да се отпише јапонската економија.

„Јапонија, како и многу европски економии, е високотехнолошка економија“, рече рускиот претседател.