Маж (50) од Волос во Грција е уапсен за убиство на неговиот шурак Албанец (33), јавуваат грчките медиуми.
Loading...
Според медиумите, осомничениот со пушка, која законски ја поседувал, пукал и го убил братот на неговата сопруга, а потоа доброволно ѝ се предал на полицијата, признавајќи го делото.
Уапсениот маж наводно ѝ рекол на полицијата дека решил да го убие својот шурак во вторникот наутро, откако неговата 18-годишна ќерка му открила дека нејзиниот вујко ја силувал од нејзината 9-та година.
Рекла дека вујко ѝ ја уценувал да ги објави снимките и фотографиите од односот.
Полицијата ја запленила пушката, а истрагата продолжува.