Америка ја зафатена од страшно невреме, има и мртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Невреме со дожд и снег го покри поголемиот дел од САД, додека најмалку три лица во Алабама, Северна Каролина и Џорџија загинаа од торнада на југот на земјата.

Loading...

Обилните дождови и ветрови денеска погодија поголем дел од источниот брег на САД и ќе продолжат до среда, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).

 

 

Врнежи се очекуваат на североисток, а во тој дел на САД изминатиот викенд некои области беа погодени од силен снег, што го зголемува ризикот од поплави, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Властите на Алјаска трагаат по исчезнатиот патнички авион со 10 луѓе во него

 

 

Loading...

 

Снегот ќе продолжи и денеска во регионот на средниот запад, северозападниот дел на Пацификот и Големите езера, кои беа погодени од снежни виулици во понеделникот и вторникот, додека количината на снег што се очекува може да остави делови од овие региони без струја, јавува Ројтерс.