Педесет и деветгодишен пешак од Куманово загина откако во него удрило „ауди“ на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
Loading...
Од кумановската полиција ја повтдија информацијата и додаваат дека возачот на „аудито“ бил 22-годишник.
– На 09.01.2024 година во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка во населба Карпош патничко моторно возило “ауди”управувано од Н.Т.(22) од село Добрача, Старо Нагоричане удрило во пешакот З.Ѓ. (59)од Куманово.Во незгодата пешакот З.Ѓ. починал на лице место, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Од полицијата додаваат дека увидот е во тек.
Никола Ивановски