На плажа во Мериленд пронашле парче дрво, откриле дека е од брод од 19 век

Сподели со своите пријатели

Властите на американската сојузна држава Мериленд соопштија дека необично парче дрво кое се појавило на плажата било идентификувано како дел од палубата на брод од 19 век, пренесоа американските медиуми.

Loading...

Администрацијата на државните паркови во Мериленд, на чија плажа се појави парчето долго 4,4 метри, на Фејсбук објави дека по консултација со локални историчари е заклучено дека припаѓа на брод од средината на 19 век.

Дел од бродот бил оставен на плажата, но бил обележан за да може да се препознае доколку плови на друга плажа, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на небото над Лондон: Авион приземјен веднаш по полетувањето