Бројот на жртви на земјотресот во Јапонија надминa 200

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што на Нова година ја погоди префектурата Ишикава и околните области во централна Јапонија надмина 200, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Според извештаите, околу 120 лица се водат како исчезнати.

Локалната полиција денеска со околу 100 лица започна опсежна операција на пребарување во урнатините на опожарениот пазар во Ваџима, каде што избувна голем пожар по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, пренесува Kyodo.

На пазарот Ваџима околу 200 згради се уништени во пожар што избувна на 1 јануари, соопшти локалната општинска администрација и пожарникарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Миела садови и ја нападнал питон долг 4 метри: Два часа бил обвиткан околу неа, ја гушел и гризал (ВИДЕО)

Пазарот имаше многу дрвени згради, а местото беше популарно кај туристите поради неговата историја долга повеќе од 1.000 години.

Повеќе од 28.000 луѓе сè уште се во центрите за евакуација во префектурата Ишикава, а наводно десетина се заразени со коронавирус на три локации во градот.

Најмалку 3.300 луѓе, главно во Ваџима и соседниот град Сузу, остануваат изолирани поради блокираните патишта.

Во повеќе од 80 училишта, вклучително и градовите Ваџима и Суза, наставата беше прекината поради оштетени згради.

Loading...

Кабинетот на јапонскиот премиер Фуми Кишида денеска одобри буџетска распределба од 33 милиони долари од резервни фондови за поддршка на настраданите од земјотресот на полуостровот Ното.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Платформата X повторно достапна во Бразил

Владата, исто така, планира да ги зголеми резервните средства предвидени во нацрт-буџетот за следната фискална година за финансирање на закрепнувањето од катастрофи, рече Кишида.