Австралија: Полицијата откри над 250 гуштери, уапси четворица осомничени шверцери

Сподели со своите пријатели

Криминална група која планира да прошверцува стотици домородни гуштери од Австралија во Хонг Конг е „фатена“, потврдија официјални лица.

Loading...

Овие влекачи на пазарот вредат околу 735 милиони евра, покажуваат податоците со кои располага полицијата на Нов Јужен Велс, најнаселената сојузна држава во Австралија.

Полицијата во Сиднеј, главниот град на оваа сојузна држава, уапси тројца мажи и една жена.

Пронајдените 257 гуштери и три змии, се сомнева дека се чувани во лоши услови.

Им била укажана помош и тие биле вратени во природата.

Во септември, полицијата создаде работна група за истрага на наводните шверцери, кога во девет мали контејнери беа пронајдени 59 живи гуштери на пат кон Хонг Конг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дванаесет рудари затрупани по уривање на рудник во Пакистан

Во последниве недели беа извршени неколку рации во Нов Јужен Велс.

Во една куќа во Сиднеј заплениле 118 гуштери, три змии, осум јајца и 25 мртви гуштери.

Loading...

При претрес на имот во руралниот Гренфел пронајдени се четири гуштери скриени во вреќи.

Четворица осомничени на возраст од 31 до 59 години се товарат за извоз на домашни влекачи, учество во криминална група и прибавување пари преку криминални активности, а сите се сметаат за кривични дела.

Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 15 години.

На двајцата мажи им беше одбиена кауција откако се појавија на суд.

Во последните децении, Хонг Конг стана доминантен во меѓународната трговија со различни егзотични животни, според Светскиот фонд за природата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците откриваат што ги предизвика историските пожари во Лос Анџелес

Во студија објавена во 2021 година, Фондацијата ADM Capital открива дека во период од пет години, четири милиони живи животни од најмалку 84 земји биле увезени во овој азиски град.