Пожар во болница во Германија: Едно лице загина, 22 се повредени

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина во пожар во болница во Германија, а 22 лица се повредени, од кои шест се во критична состојба, соопшти противпожарната служба.

Loading...

Пожарот што избувна во четвртокот вечерта во болница во градот Илсен во Долна Саксонија е брзо изгаснат, а поголемиот дел од повредите се предизвикани од вдишување чад и изгореници, пренесува Билд.

Пожарот кој избувнал на третиот кат брзо се проширил на неколку соби за пациенти, а голем број луѓе се евакуирани од болницата.

Во акцијата за спасување учествувале околу 140 пожарникари, се прецизира во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена застрашувачка снимка од Шведска: На неа се слуша што вели убиецот додека ги убива жртвите