Од април пониски цени на 542 видови на лекарства

Сподели со своите пријатели

Лековите за висок крвен притисок, против реума, дијабетес, цитотстатиците за најтешко болните лица, за срцеви заболувања и други специфични болести, од следниот месеџ ќе се продаваат по пониски цени.

 Од утре поевтини ќе бидат цените на вкупно 542 лека, а меѓу нив ќе бидат лековите за висок крвен притисок, против реума и дијабетес, цитостатици за најтешко болните лица, за срцеви болести и многу други специфични заболувања. Од намалените цени заштедуваат и болниците и граѓаните.

За 4 години намалена е цената на околу 4.700 лекови. Според Сашо Стефаноски, директорот на ФЗОМ, лековите во земјава многукратно поевтинија од претходно и се подостапни за граѓаните.

Здравствениот систем заштеди преку 33 милиони евра кои ги вложи во реновирање, реконструкција, усовременување на методите и со две мерки кои помогнаа во тоа паралелниот увоз и централизираната набавка на лекови. 43 мил евра заштеда во овие неколку години кои ги користиме многу порационално – вели Стефаноски.

Здравствените власти посочуваат дека намалување на малопродажните цени на генеричките лекови изнесува 11 отсто, а на оригинатори односно иновативни лекови 6 отсто.

Околу 13 лека за прв пат се намалуваат а меѓу нив синетра од 75 мг, урутал, трамадол капки, таблети и раствор за инјектирање. Од 1 април најголемо процентуално намалување на максималната цена ќе има кај аторвастатин, лек наменет за намалување на масти во крвта, на кој цената му се намалува 76,83 отсто.

Кај донепезил лек за висок крвен притисок намалувањето е 63,38 отсто, а кај рисперидон лек за шизофренија 58,05 отсто.