УХМР најавува обилни врнежи, засилен ветер и ниски температури

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег, информираат од Управта за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Врнежите, додаваат од УХМР, наместа ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела(над 20 л/м2).

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

Од вторник (09.01) времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за слаб дожд, но и краткотрајни сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе биде во интервал од минимални 2 до максимални 11 степени.

Никола Ивановски

Loading...