Алсат М: Уапсени пет лица пред Кривичниот суд за случајот „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Телевизија Алсат М, јави дека при вчерашното рочиште на предметот “Диво Насеље” полицијата интервенирала и уапсила пет лица меѓу роднините во дворот, бидејќи биле сомнителни. Според информациите на телевизијата, тие изгледале  чудно додека внатре во судот зборувале заштитени сведоци.

Портпаролката на СВР Скопје, Лиза Бендевска објасни за Алсат, дека по испитувањето, против еден од нив ќе се покрене кривична постапка, затоа што во џебовите му нашле пиротехнички средства.

Од приведените, двајца биле државјани на Шведска, двајца биле од Србија, односно од Прешево и еден од Македонија. Во меѓувреме, на вчерашното рочиште беше предвидено да се сослушаат четворица сведоци. Но, процедурата заврши само за еден бидејќи вниманието беше дефокусирано поради апсењата пред судот.

Повеќе информации тука.