Јапонските спасувачи во очајна трка со времето по земјотресот

Сподели со своите пријатели

Илјадници спасувачи продолжија да бараат преживеани по земјотресот во кој загинаа најмалку 77 луѓе на Нова година во Јапонија, надевајќи се дека ќе спасат колку што можат во рок од три дена за преживување што завршува попладнево.

Loading...

Градоначалникот на тешко погодениот град Сузу, Масухиро Изумија изјави дека останува уште малку време и дека наскоро ќе се навршат 72 часа од земјотресот.

„Мораме да ја собереме целата преостаната сила за да продолжиме со спасувачките напори“, додаде тој.

Според службите за итни случаи, стапките на преживување се намалуваат 72 часа по земјотресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија планира второ слетување на Месечината во декември

Отсечените патишта и оддалеченоста на најтешко погодените области ги отежнуваат напорите за спасување.

Речиси 600 последователни потреси го погодија полуостровот Ното, што ги зголеми стравувањата од лизгање на земјиштето и дополнителни оштетувања на инфраструктурата.

„Во споредба со другите катастрофи, состојбата на патиштата во Ваџима е многу лоша. Чувствувам дека е потребно подолго време од вообичаено за да пристигне помошта“, изјави здравствениот работник Шунсаку Кохрики за Ројтерс во градот Ваџима.

Тешки услови

Тој додаде дека евакуираните најверојатно уште некое време ќе мора да живеат во навистина тешки услови.

Loading...

Целосниот обем на штетите и жртвите останува нејасен неколку дена по најсмртоносниот земјотрес во Јапонија од 2016 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Миела садови и ја нападнал питон долг 4 метри: Два часа бил обвиткан околу неа, ја гушел и гризал (ВИДЕО)

Градоначалникот Изумија изјави во Сузу дека можеби 90 отсто од куќите се уништени, пренесе Хина.

Сите загинати се пријавени во близина на епицентарот на земјотресот со јачина од 7,6 степени во Ишикава.

Повеќе од 33.000 луѓе се евакуирани од своите домови, околу 100.000 куќи се без водоснабдување, околу 30.000 домаќинства се без електрична енергија во Ишикава, а поврзувањето со мобилните услуги во некои области се уште е нестабилно.