Во регионот на Киев, над 250.000 потрошувачи без струја по руските напади

Сподели со своите пријатели

Во Киев и во регионот Киев, повеќе од 250.000 потрошувачи останаа без електрична енергија по масовните руски ракетни напади утринава, објави украинскиот оператор Укренерго.

Loading...

Оштетена е мрежата на компанијата и мрежите на регионалните енергетски компании, пренесува Интерфакс Украина.

Министерството за енергетика на Украина соопшти дека се оштетени трафостаници во регионот на Киев и високонапонски водови, пренесува Танјуг.

Утрово Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, а цел беа и Киев и Харков.