Четириестгодишен кумановец бил приведен рано утринава поради нарушување на јавниот ред и мир во центарот на Куманово.
Loading...
– На 27.12.2023 во 03.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.С.(40) од Куманово затоа што на улица „Гоце Делчев“ во Куманово го нарушил јавниот ред и мир си агресивно и недолично однесување, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски