Сашо Петрушевски, директор на Јавното претрпијатие „Чистота и зеленило“ денеска на седницата на Советот на Општина Куманово најави поставување на нови контејнери кои ќе бидат поделени по категорија отпад и тоа за пластика, хартија и стакло.
Поставувањето на овие контејнери ќе се одвива во неколку фази, при што првин ќе следува едукација на населението за категоризација на сметот, а селектираниот отпад подоцна ќе се продава на аукција кај компаниите кои преработуваат црвст отпад.
На прашањето на советниците за поставување подземни контејнери, директорот Петрушевски истакна дека тоа е комплициран проект за кој првин ќе треба измена на деталниот урбанистички план, па подоцна набавка на истите контејнери, нивно монтирање и купување специјализирано возило кое ќе го изнесува сметот.
Советникот Ашмет Османовски го коментираше позитивниот извештај за работата на ЈП „Чистота и зеленило“ кој истакна дека ова е едно од претпријатијата кои успешно работат во Општина Куманово во изминатите години.
Иако Куманово се води како најчист град, објективно гледајќи чситота се одржува, зелените површини се одржуваат, но не е така. Опозицијата во интерес на граѓаните бара поголема ажурност на јавното претпријатие Чистота да си ја врши работата, одржување на хигиената, чистотата изнесување на сметот од Општина Куманово, а помалку да се занимава со угостителски дејности, каде нема никакви подобрувања и создава повеќе трошкови.