Вчера безживотно тело на бебе е пронајдено во торба во зграда која ја зафатил пожар во Кеноа, Франција.
Пожарникарите одговориле на повикот околу 11 часот за експлозија и пожар во таа зграда и поминале часови во гаснење на пожарот.
Откако успеале да го изгаснат пожарот околу 17 часот, продолжиле со проверка на сите соби, каде откриле торба со безживотно тело на бебе.
Станува збор за зграда која содржи четири стана, вклучително и еден кој се издава преку Airbnb, а наводно не се користел во моментот на пожарот.
Никој од сегашните жители не може да го идентификува пронајденото бебе. Постојат тврдења дека во еден од становите живеела самохрана мајка со дете, но никој не забележал бременост или присуство на жена со бебе меѓу соседите.
Не се јасни деталите за тоа во кој стан е пронајдена чантата.
Форензичарите брзо реагирале, но морале да го напуштат местото во вечерните часови поради стравувања од потенцијално уривање на покривот.
Полицијата во овој момент се уште нема информации за идентитетот на детето, а истрагата продолжува.
Le corps d’un nourrisson retrouvé mort dans un sac au Quesnoy, dans le Nord pic.twitter.com/PtjpRYL6OM
— BFMTV (@BFMTV) December 27, 2023