Триесет и едногодишен кумановец бил донесен во кумановската болница со повреди, откако по расправија, бил удрен со метален предмет.
Loading...
– На 25.12.2023 во 15.47 часот во СВР Куманово, Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ф.Р.(31) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово тој имал расправија со две лица, при што едно од нив го удрило со метален предмет.
– Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од кумановската полиција.
Никола Ивановски