83-годишен кумановец тешко повреден откако во него удрила „лада“

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и тригпдишен кумановец бил тешко повреден откако во него удрило возило „лада“ управувано од негов сограѓанин.

Loading...

– На 25.12.2023 во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, патничко моторно возило „лада“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(65) од Куманово, удрило во пешакот Б.П.(83) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата Б.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна уредувањето околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски