Веб-страницата Passport Index ги рангира пасошите на 96 земји ширум светот.
Обединетите Арапски Емирати се на прво место во 2023 година, додека второто место на листата го делат дури пет земји.
Меѓу земјите од нашиот регион најдобро пласирана земја е Словенија, чиј пасош е на одличното седмо место.
Тековната криза во Украина и Израел и Палестина во голема мера влијаеше на глобалното патување.
И без светската криза не се сите пасоши еднакви, а не секој може да патува подеднакво. Сепак, и покрај овој јаз во мобилноста, пасошите на речиси секоја земја станаа посилни оваа година, според најновиот извештај на Passport Index.
Кои се најмоќните пасоши во 2023 година, а каде е Македонија?
Имателите на пасоши од ОАЕ можат да патуваат без визи во дури 180 земји низ светот.
Годинава од првото место ги „симнаа“ долгогодишните шампиони Јапонија и Сингапур.
На второ место се пет земји и тоа Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.
Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија која е на седмото место. Хрватскиот пасош е на осмото место, Србија на 32. како земји чии граѓани можат без виза да патуваат во 137 земји, а Црна Гора на 37. место.
Македонија е на 36 место, што е пад од пет позиции споредбено со лани, иако бројот на земји каде Македонците можат да патуваат без визи останува 130.
Индексот за пасоши ја опишува Велика Британија како еден од „губитниците“ во 2023 година.
Иако Обединетото Кралство бележи пораст на својот глобален резултат за мобилност, овој нагорен тренд е забавен од борбата на земјата по Брегзит за постигнување визни договори со земјите-членки на ЕУ. Сепак, Велика Британија сè уште има безвизен пристап до 175 земји.
На самото дно е Авганистан, чии граѓани можат да патуваат во само 39 земји во светот без претходно издавање виза.
Покрај Авганистан, на дното се Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Ирак и Бангладеш.