Над 30 заинтересирани да се кандидираат за претседател на Русија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 30 луѓе се заинтересирани да се кандидираат за претседателските избори во Русија, изјави претседателот на Централната изборна комисија за државната новинска агенција ТАСС.

Loading...

„Секако дека кампањата ќе биде конкурентна, бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, сега веќе има повеќе од 30 луѓе кои сакаат да станат кандидати“, изјави Ела Памфилова за ТАСС.

Поранешната телевизиска новинарка Екатерина Дунцова беше спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите следниот март поради „грешки“ во барањето за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на платформата „Телеграм“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Можеби и ќе ги укинеме санкциите кон Русија

Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела барање до изборната комисија да се пријави како кандидат.

Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници.

Критичарите сметаат дека изборите се лажни процес со само еден можен исход.

Кремљ тврди дека Путин ќе победи бидејќи ужива вистинска поддршка во општеството, која според анкетите е околу 80 проценти.