Момчиња од кумановско Черкези ограбиле таксист

Сподели со своите пријатели

Две момчиња од кумановското село Черкези биле приведени под сомнение дека ограбиле такси возач кој ги превезувал до селото.

Loading...

– На 24.12.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.А.(25) и Б.Ј.(26), двајцата од село Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, двајцата се сомничат дека од И.Ѓ.- такси возач, кој ги превезувал до село Черкези , одзеле пари.

– Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку кумановски села денеска и утре без струја

Никола Ивановски