Британци уапсени со 1,2 тони кокаин, вреден повеќе од 100 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Во рамките на меѓународната полициска акција против шверц на наркотици преку Атлантикот, уапсени се тројца британски државјани кои со јахта превезувале 1,2 тони кокаин, чија улична вредност во Велика Британија се проценува на околу 96 милиони фунти.

Loading...

Припадниците на британската Национална агенција за криминал работеа со колегите во Франција и Шпанија за да разбијат криминална група осомничена за шверц на кокаин во Европа, соопшти агенцијата за безбедност.

Како што е наведено, на 18 декември фрегата на француската морнарица пресретнала шпанска јахта во водите на Атлантикот, на околу 1.930 километри источно од Мартиник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подметнат пожар во куќата на британскиот премиер

Полицајците на бродот пронашле околу 40 вреќи со кокаин, тешки околу 1,2 тони, чија улична вредност во Велика Британија се проценува на околу 96 милиони фунти (110.500.000 евра).

Уапсени се тројца членови на екипажот, меѓу кои и 29-годишниот кој управувал со пловилото, а сите се однесени во Мартиник, каде што ќе одговараат со кривична пријава.

Шпанските власти во Марбела и Валенсија потоа уапсија уште пет лица кои се осомничени дека се вмешани во овој шверц на дрога.