Русија не стави вето на новата хуманитарна резолуција на Советот за безбедност на ОН за Појасот Газа само поради солидарност со арапските земји, изјави рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензја.
„Ако овој документ не беше поддржан од неколку арапски земји, ние несомнено ќе ставивме вето“, рече тој по гласањето.
Небензја истакна дека неколку земји, вклучително и некои арапски држави, „го повлекле своето коавторство, односно учеството во изработката“.
„Ние секогаш тргнуваме од фактот дека арапскиот свет е способен да носи свои одлуки и презема целосна одговорност за нив. Тоа е единствената причина зошто не го блокиравме овој документ“, објасни Небензја.
За резолуцијата гласаа вкупно 13 земји, додека Русија и САД беа воздржани.
За усвојување на документот беа потребни девет гласа, под услов ниту една од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да не гласа против.