„Израел создава огромни пречки за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа“

Сподели со своите пријатели

Израел продолжи да ја бомбардира палестинската енклава, а шефот на ОН го осуди за создавање „огромни пречки“ за дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа со својата воена операција.

Loading...

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека начинот на кој Израел ја спроведува својата воена операција „создава огромни пречки за дистрибуција на хуманитарна помош“ во Газа.

ОН предупредуваат дека само 10 отсто од помошта потребна за погодената енклава пристигнува во Газа.

По неколкудневно одложување на гласањето и интензивни преговори за да се избегне заканата од американско вето, Советот за безбедност на ОН вчера усвои ослабена резолуција со која се повикува на чекори за да се овозможи „безбеден, непречен и проширен хуманитарен пристап“ до Газа и „услови за одржлив крај“ на борбите.

„Фокусот на помошта е непотребен“

Гилад Ердан, амбасадорот на Израел во ОН, рече дека Советот за безбедност требаше повеќе да се фокусира на ослободувањето на заложниците и дека фокусот на „механизмите за помош“ е непотребен бидејќи Израел дозволува „испорака на помош онолку колку што е потребно“.

Според израелските податоци, од почетокот на војната, 5.405 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа со храна, вода и медицински материјали.

САД и Израел, кои ветија дека ќе го искорнат Хамас, се противат на прекинот на огнот и велат дека тоа ќе ѝ овозможи на исламистичката милитантна група да се прегрупира и повторно да се вооружи.

Сепак, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден стана сè покритична за зголемениот број жртви и хуманитарната криза додека Израел ја продолжува својата копнена и воздушна офанзива.

Loading...

Министерството за здравство во Газа објави дека повеќе од 20.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 53.000 се ранети од почетокот на војната.

Бајден и неговата сопруга Џил изјавија дека им е „скршено срцето“ што се верува дека 73-годишниот Американец Гад Хагаи бил убиен во напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Згаснува надежите за напредок на преговорите

Неговата сопруга Џудит Вајнштајн е меѓу заложниците во Газа, пишува израелскиот медиум Хаарец.

Според официјалниот израелски попис, Хамас држи уште 129 лица во Газа.

Воздушните напади, артилериското бомбардирање и борбите низ Газа продолжија во текот на ноќта, бидејќи надежите за неизбежен пробив во разговорите во Египет, чија цел беше Израел и Хамас да се согласат за ново примирје избледеа.

На југ, најмалку четворица цивили загинаа во воздушен напад врз автомобил во Рафах, изјави палестински спасувач.

Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека најмалку 18 Палестинци загинале, а десетици се ранети во воздушен напад врз куќа во Нусејрат во центарот на Газа.

На жителите на Буреи, во близина на Нусејрат, им беше наредено „веднаш да ја напуштат областа заради своја безбедност“ и да се упатат кон југ.

Loading...

Зиад, здравствен работник и татко на шест деца, изјави за Ројтерс по телефон дека „нема безбедно место“ за жителите да се засолнат.