Најк отпушта: Сака да заштеди две милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Американскиот производител на патики и спортска опрема Најк најави дека ќе укине стотици работни места.

Loading...

Исто така, ќе ја поедностави својата палета на производи и ќе ја зголеми автоматизацијата за да заштеди 2 милијарди долари во следните три години поради слабата продажба.

Фирмата со седиште во Бивертон додаде дека ќе потроши до 450 милиони долари за промените, главно за бенефиции на вработените, пишува Гардијан.

Најк неодамна соопшти дека неговата глобална продажба во трите месеци до 30 ноември се зголемила за само 1 процент на годишно ниво, но профитните маржи се зголемиле за 19 отсто на 1,6 милијарди долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Син на хрватски пејач брутално убиен на сред улица во Еквадор

Продажбата во Кина во споменатиот период бележи раст во однос на минатата година, но опадна во Европа и Соединетите Американски Држави.