Италијанското тело за надзор на телекомуникациите Агком соопшти дека ја казнило американската компанија Мета со 5,85 милиони евра поради објавување содржини на Фејсбук и Инстаграм кои ја прекршуваат забраната за реклами за коцкање.
Loading...
Тоа е забрана како дел од законот донесен во 2018 година.
Регулаторното тело изјави дека казната се однесува на содржини пронајдени на пет профили на Инстаграм и 13 сметки на Фејсбук, пренесе Анса.