СКАНДАЛ ВО УКРАИНА : Проневерени 40 милиони долари за гранати

Сподели со своите пријатели

Службата за безбедност на Украина (СБУ) и Министерството за одбрана на таа земја денеска соопштија дека е откриена шема за измама за набавка на артилериски гранати, што резултирала со проневера на речиси 40 милиони долари или околу 36,2 милиони евра.

Loading...

Договорот за набавка на гранати по цени повисоки од пазарните го раскина Агенцијата за набавки на Министерството за одбрана на Украина и беше направен нов договор со кој се отстранува посредникот, што значително ја намалува цената на оружјето, пренесува Ројтерс.

Висок функционер на тоа министерство наводно го продолжил претходниот договор и на сметка на фирма посредник биле префрлени средства во износ од 40 милиони долари.

Тој функционер е сменет од функцијата и против него е покрената правна постапка додека се работи за враќање на парите.

Во соопштението од Министерството за одбрана се вели дека оваа шема била откриена минатата недела и дека биле извршени претреси во Министерството и во други простории.

Корупцијата во Украина стана уште поважно прашање бидејќи Киев влегува во преговорите за влез во Европската унија, наведува Ројтерс.