Стејт департментот одобри продажба на ракетите Стингер на НАТО за 780 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Стејт департментот ја одобри можната продажба на ракетите Стингер на Агенцијата за поддршка и набавка на НАТО (НСПА) за 780 милиони долари, соопшти денеска Пентагон.

Loading...

Во соопштението на Пентагон се додава дека главни изведувачи се Raytheon и Lockheed Martin, пренесува Reuters.

„Стингер“ е американски систем за противвоздушна одбрана што е пренослив од човекот, кој работи преку инфрацрвено наведување, а покрај САД, овие ракети ги користат уште 29 земји и неодреден број воени организации ширум светот.